Тешко да седнат на заедничка маса

Заев и Мицкоски никако да се договорат за лидерска средба за СЈО, за пописот, за Изборниот законик…

Власта и опозицијата се без договор за Законот за јавното обвинителство, за пописот и за Изборниот законик. Премиерот Зоран Заев очекува дека во скоро време ќе биде договорена средба, а претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

„Опозицијата или другите партиципиенти ако имаат и други теми јас сум на располагање да разговарам, но ова се пресериозни теми на кои час поскоро треба да седнеме и да разговараме”, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на археолошкиот локалитет Стоби.

Тој го изнесе ставот на СДСМ за Изборниот законик и кажа дека за нив како партија е прифатлива една изборна единица, отворените листи, сѐ што ќе значи демократизација, сѐ што ќе значи стручна експертиза за возможност во државата.

„Подготвени сме да го направиме чекорот. Верувам дека и другите политички партии ќе бидат подготвени да направиме еден исчекор кон демократизацијата во изборните процеси во Република Северна Македонија”, рече Заев.

Од друга страна, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соноќешното интервју за Алсат М, кажа дека ова што се случува во државата мора да заврши со предвремени парламентарни избори.

„Апелирам за разум, да се седне и да се повикаат пратеничките групи и да се организираат предвремени парламентарни избори. Граѓаните нека одлучат дали овие политики на политичари ќе ја добијат поддршката или ќе дојде некоја нова генерација на политичари”, изјави Мицкоски и не исклучи протести како опција на која било опозиција. 

Во врска со можноста за договор за Законот за јавно обвинителство, Мицкоски вели дека нема амбиент во државата за да функционира политичкиот дијалог меѓу позицијата и опозицијата.

„Во овие услови вакви, какви што се. Под политички прогон и терор, конструирани обвиненија, нарачани пресуди и прогонот што се прави врз ВМРО-ДПМНЕ, врз сегашни и поранешни функционери, едноставно нема амбиент. Не е само законот за ЈО на маса, сега на маса треба да се најде и темата кога предвремени парламентарни избори”, изјави Мицкоски. 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе