„Нема да престане со директни комуникации”

Заев: И јас им ѕвонев на комичарите, мислејќи дека го барам Порошенко

Премиерот Зоран Заев, денеска потврди дека и тој им ѕвонел на телефон на руските комичари на чија местенка падна, затоа што мислел дека комуницира со украинскиот претседател, Петро Порошенко.

„Во таа комуникација што сме ја имале, да, можно е како што тие ме барале мене и јас да сум го барал, мислејќи дека е претседателот Порошенко”, изјави денеска Заев.

На новинарско прашање кога сфатил дека е измама, Заев одговори дека сè додека снимените разговори не беа објавени завчера, тој не ни знаел дека не разговарал со украинскиот претседател Петро Порошенко, туку со руски комичари. Премиерот рече дека нема да бара одговорност и дека ќе продолжи со телефонски разговори без посредство на владиниот протокол. Тој додаде дека за време на овие комуникации разменувал и фотографии од настани кои се случувале во Украина и во Македонија. Вели дека добивал слики од Парадата на војската, а праќал од посетата на Ангела Меркел во Македонија.

„Јас продолжувам со директни комуникации со премиери и претседатели. Комуницирам и мислам дека тоа е помош за мојата земја. Градиме пријателство, а комуникациите носат информации. Нема протокол кој мене може да ме ограничи ако сакам да ви се јавам, на премиери или кого било. Немам намера кога следниот пат ќе се јавам на Борисов или кој било премиер или претседател да барам одговор од некој протокол”, рече Заев.

Тој додаде дека сето ова е за сите аларм да се подигне нивото на работа на протоколите кога се прават разговори преку владините телефони, но посочи дека ќе продолжи да комуницира по телефон, по Вибер, по ВатсАп и преку сите други апликации, бидејќи како што рече комуникацијата денеска е добробит за сите.

Прашан дали ќе реагира на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов, премиерот Заев, рече дека секако реагира и веќе е испратена нота, за да може секако да се исправат грешките.

„Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци, кои што живееме во Северна Македонија”, изјави Заев.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе