Заев и Димитров в среда во Атина на средба со Мицотакис

Премиерот Зоран Заев, во среда ќе учествува на „24-та тркалезна маса со грчката Влада“, односно дводневната конференција на Економист, што традиционално се одржува секоја година, а сега е закажана за 15 и 16 септември во областа Лагониси, во источниот дел на регионот Атика.

„Господинот Заев, за три дена ќе биде во Атина во рамките на конференцијата на „Економист“, каде што ќе биде и премиерот на Албанија и ќе се сретнам и со двајцата“, рече денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во Солун и додаде дека постојат прашања за дискусија.

На конференцијата ќе патува и Никола Димитров, министерот за евроинтеграции.

Одговарајќи на новинарско прашање за Договорот од Преспа, Мицотакис објасни дека конкретната тема е затворена, со оглед на тоа дека станува збор за меѓународен ратификуван договор, а Грција ги почитува таквите договори.

„Прашањето е затворено од моментот кога Грција го ратификуваше меѓународниот договор. Континуирано ја изразувавме нашата резервираност, но исто така имавме кажано дека Грција е земја на владеењето на правото и ги почитува меѓународните ратификувани договори. Ова прашање, да, затворено е, но она што не е затворено е правилното имплементирање на, според нашето мислење, еден проблематичен договор. И штом сме резервирани или постојат прашања за кои треба да се разговара, со господинот Заев или со било кој и да е премиер во Северна Македонија, очигледно дека ќе разговараме. Господинот Заев, за три дена ќе биде во Атина во рамките на конференцијата на „Економист“, каде што ќе биде и премиерот на Албанија и ќе се сретнам и со двајцата. Имаме прашања за дискусија, соседи сме“, рече Мицотакис, пренесе МИА.

Грчкиот премиер објасни дека со премиерот на Албанија Еди Рама ќе разговараат за одлуката на Грција за проширување на морските територијални води во Јонското море, но и истакна дека „Грција треба да има протагонистичка улога на Балканот и ќе има протагонистичка улога на Балканот“.

 

 

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе