Според грчките медиуми

Заев и Ципрас телефонски ќе разговараат попладнево, потоа следува јавно обраќање на грчкиот премиер

За попладневните часови е закажан телефонскиот разговор на Зоран Заев и Алексис Ципрас, според информациите во Грција, но и според она што на прес-конференција го кажа лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, кој рече дека „грчкиот премиер денеска попладне очекува да има телефонски разговор со Заев".

Грчките медиуми објаснуваат дека двете страни треба прво да го известат специјалниот претставник на ОН, а фактот што медијаторот Метју Нимиц е во Њујорк и поради временската разлика, телефонскиот разговор е закажан за попладне.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, неофицијално, по телефонскиот разговор со Заев, Алексис Ципрас ќе го информира, прво претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, потоа лидерите на политичките партии и на крај ќе има обраќање до јавноста. Додека, пак, во петок, во грчкиот парламент ќе се одржи расправа за пратениците и граѓаните да се информираат за содржината на договорот.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе