На маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан

Заев и Ципрас имаат големи очекувања од утрешната средба во Софија

Големи очекувања и позитивни моменти, очекуваат премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, од утрешната билатерална средба во Софија на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан.

Заев и Ципрас попладнево заедно учествуваа на самитот на европските социјалисти и на крајот излегоа како оптимисти пред утрешната средба.

Очекувам само позитивни моменти и да се потврди она што досега е постигнато“, изјави кусо Заев за очекувањата од утрешната средба без да оди во детали.

Ципрас беше уште пократок во изјаваата излегувајќи насмеан од самитот на социјалистите.

„Имам големи очекувања од сѐ“, кусо одговори грчкиот премиер на прашањето на МКД.мк.

Во моментов Заев е на билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон по што вечерва се организираат три посебни вечери - една на лидерите на ЕУ, една на социјалистите и една на Европската народна партија.

За Македонија важен е утрешниот ден кога се одржува самитот ЕУ-Западен Балкан во чии завршни заклучоци, според неофицијалните информации, нема многу детали за проширувањето, но Заев рече дека е оптимист за напредок во однос на самитот.

                                                                                       За МКД.мк од Софија

                                                                                       Жана П. Божиновска

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе