Заев и Ципрас: Договорот од Преспа ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска го прими претседателот на партијата Сириза, актуелен пратеник во грчкиот парламент и поранешен премиер на Грција Алексис Ципрас.

Заев и Ципрас, на средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, се согласија дека три години од потпишувањето на Договорот од Преспа на 17 јуни 2018 година, секојдневно доаѓаат придобивките од решавањето на тридеценискиот спор со кој се воспостави стратешко пријателство меѓу Северна Македонија и Грција.

Пораките кои глобално се испраќаат од „Преспа форумот за дијалог" потврдуваат колкаво постигнување е Договорот од Преспа, кој денеска и утре во Охрид и  Преспа го уважуваат и почитуваат стотици високи гости од регионот, Европа и светот за да ги афирмираат вредностите што произлегуваат од духот на Договорот, заклучија соговорниците.

Суштината што во себе ја носи Договорот од Преспа, споделија Заев и Ципрас, со својата сила и значење ја обврзува ЕУ да ги тргне пречките за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Западен Балкан.

На средбата беше констатирано дека спроведувањето на одредбите од договорот оди со добра динамика и дека спогодбата која обезбеди вин-вин решение за двете земји овозможува отворена и постојана комуникација меѓу Скопје и Атина без разлика кој е на власт во Северна Македонија и во Грција и во интерес на просперитетот и граѓаните на двете земји.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе