Претседателски избори април 2019

Заев и Ахмети утре ќе бараат можен консензуален претседателски кандидат

Претседателите на партиите СДСМ и ДУИ од владината коалиција, Зоран Заев и Али Ахмети утре околу пладне ќе се сретнат во Клубот на пратениците и ќе договараат можен заеднички претседателски кандидат.

СДСМ изборот на нивен претседателски кандидат го закажа за 3 март на партиски конгрес. ДУИ најпрво зборуваше за консензуален кандидат, потоа најави можна самостојна кандидатура, за да од пред една недела повторно се врати на старите позиции за заеднички кандидат со СДСМ.  

По изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Ахмети утре ќе се обидат да се договорат за заеднички кандидат. Познато е дека Али Ахмети инсистирал за Денко Малески како можен консензуален кандидат.

Во СДСМ веќе се прават анкети со имињата на Стево Пендаровски, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски... Неофицијално, на овие анкети во водство се Димитров и Пендаровски. Ако се оди на заеднички кандидат, проценките на експертите се дека Пендаровски има повеќе шанси за кандидатура од Димитров.

И покрај сите досегашни изјави дека не е во игра, во оваа ситуација повторно се враќа и можноста за заедничка кандидатура на СДСМ и ДУИ за Зоран Заев.

Според СДСМ, од утре почнуваат средбите на Заев и со лидерите на другите парламентарни партии - со двете крила на Беса, Африм Гаши и Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата за Албанците, со независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ...

По утрешната средба меѓу Заев и Ахмети ќе се знае дали СДСМ и ДУИ на претседателските избори ќе одат самостојно или заеднички.

„Утре ќе биде билатералната средба помеѓу СДСМ и ДУИ, каде ќе се соопштат опциите од двете страни. Ако постигнеме договор, се разбира, ќе бараме да ја шириме поддршката, прво со другите партии од коалицијата, а потоа со други интересни групи, со цел да направиме што поголемо мнозинство, бидејќи тоа го бара консезуалноста. Овој концепт сме го дефинирале како надетнички и надпартиски, не е важно да се прогнозира епилогот од кандидатот односно етничката или партиската определба на кандидатот“, рече Бујар Османи од  ДУИ.

Алијанса за Албанците и Беса на Билал Касами се против заеднички кандидат со ДУИ. Беса на Африм Гаши се уште калкулира, а ДПА ќе го поддржи само заедничкиот кандидат на власта.

До 3 март има уште 13 дена.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе