Заев и Ахмети попладне ќе разговараат за промените во Владата

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладне во 16 часот во Владата ќе имаат средба на која ќе разговараат за најавените промени во Владата.

Заев денеска најави дека како коалициски партнери ќе разговараат за кадровски промени во извршната власт.

„Иако симболиката дојде од зборот ‘метла‘, сепак, се работи за луѓе професионалци. Зборуваме за ароганција, за неисполнување на очекувањата од одредени институции и зборуваме за немукаетност или неможност да се постигнат целите кои граѓаните ги очекувале. Значи зборуваме за личности, не зборуваме за припадници на политички партии или професионалци кои се во Владата. Сите оние кои покажале слабост од ваков карактер вредно е да се размислува да бидат променети со други луѓе“, изјави Заев по дебатата за нацрт текстот на Националната стратегија за развој на коцептот за едно општество и мултикултурализам.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе