По поднесената иницијатива

Заев и Ахмети на разговори во Собрание

Во Собранието во моментов на разговори се лидерите на најголемите партии од владината коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, дознава МКД.мк од собраниски извори. Оваа средба доаѓа по денешното поднесување на барањето за гласање за доверба на Владата поднесена од 61 пратеник од новото собраниско мнозинство меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица. 

Веднаш по поднесувањето на иницијатiвата, Талат Џафери, претседателот на Собранието, закажа собраниска седница за в четврток во 11 часот на која ќе се расправа за барањето потпишано од 61 пратеник. Според Деловникот на Собранието, расправата за доверба на Владата треба да заврши истиот ден, најдоцна до полноќ со гласање за смена на Владата.

Пред осум дена, на 31 октомври, по завршување на локалните избори, премиерот Зоран Заев соопшти дека поднесува оставка на премиерската функција и дека се повлекува од лидерската позиција во неговата партија СДСМ, но тоа писмено сѐ уште не го стори. 

A.Д.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе