Телефонски разговор

Заев-Хан: Брза и ефикасна постапка за расчистување на „Рекет”, но и на предметите на СЈО

Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор го информирал европскиот комесар за преговори, добрососедство и проширување, Јоханес Хан, за напорите и мерките што Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“, соопшти владината прес-служба. 

Заев, како што стои во соопштението, ја потврдил цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција, уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата. 

Заев и Хан се согласиле дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите што произлегуваат од незаконското прислушување од минатото. 

„Заев и Хан, исто така заклучија дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието на Република Северна Македонија, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година”, се додава во соопштението.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе