ЗА АЛ ЏЕЗИРА БАЛКАНС

Заев: Груевски да се подготви за опозиција и да дозволи мирен трансфер на власта

СДСМ не прифаќа  широка владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, бидејќи тој е човекот кој ја предизвика кризата, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното интервју за Ал Џезира Балканс, пред утрешната посета на еврокомесарот Јоханес Хан. 

„Не може за никого на светот, па ни за нас да биде прифатливо човек кој бил носител на режим и кој ја предизвика кризата, кој прислушуваше десетици илјади граѓани, затвораше новинари, опозиционери и други невини луѓе, кој е осомничен за финансики криминал најголем во поновата историја на Македонија да биде решение за кризата“, рече Заев.

Тој додаде дека ги повикале сите чесни граѓани, патриоти, нивни симпатизери да ја коментираат програмата на СДСМ, но Груевски, според него, треба е подготвен да премине во опозиција.

„Зад себе имаме 67 пратеници, зад кои стојат 700.000 гласови. Сега следува само демократко предавање на власта и ништо друго“, рече Заев.

Во врска со документот што го најави Груевски, што неговата партија би го подготвила како решение за кризата, Заев рече дека времето за каков било документ е веќе завршено.

„Само програмата на новата Влада е решение. Тој ќе се соочи со документи и докази за криминалите направени во негово време, но тоа е работа на независните инстиуции. Единствено решение е да дозволи мирен, демократски трансфер на власта, бидејќи со кочењето на процесите ја турка Македонија во немило сценарио. Време е по 10 ипол години да бидат конструктивна опозиција со која сакаме да соработуваме, но само така можеме да ги туркаме процесите за граѓаните и иднината на нашата земја“, изјави претседателот на СДСМ.

На прашањето дали постои страв од такво немило сценарио и кај него лично, Заев вели дека тоа веќе два месеци „виси“ над Македонија, но дека за конфикт се потребни двајца и оти дена да дозволат судир на народ со народ.

„Остануваме во институциите, треба да се формира нова влада и ВМРО-ДПМНЕ да оди во опозиција, рече Заев, истовремено осудувајќи ја изјавата на Груевски.

„Да се зборува дека Македонија ќе биде уништена затоа што тој нема да е на власт, тоа е далеку од здрав разум“, додаде Заев.

Според него, барањата на претседателот Ѓорге Иванов биле неразумни, тие ќе ги следат демократските принципи и сите процеси ќе ги водат преку институциите.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе