По повод Денот на независноста

Заев, Груби, Николовски, Битиќи и Царовска им одадоа почит на Глигоров и Трајковски

Делегации на Владата, на Собранието, на Армијата, на борците од НОБ и други организации, со положување венци цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, одадоа почит за нивниот значаен придонес во воспоставувањето на самостојната државност на нашата земја.

„Делегацијата на Владата  ја предводеше премиерот Зоран Заев придружуван од првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот во Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, заменик-претседателот во Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за образование и наука Мила Царовска.

Покрај членовите на делегациите на државниот врв, свежо цвеќе положија и оддадоа почит и делегација на Армијата на Република Северна Македонија, на Сојузот на борците, на повеќе државни и општествени институции, на дипломатскиот кор, на верските заедници, на граѓанските организации, на политичките партии, на ЗЕЛС и на Градот Скопје, како и бројни други делегации“, се вели во соопштението од Владата.

Посебно соопштение објавивме и од кабинетот на претседателот на Македонија, кој исто така положи венци и им одаде почит на покојните претседатели на државата.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе