По повод годишнината од загинувањето на великанот

Заев: Гоце Делчев е синоним на македонска државност

Името и дејноста на Гоце Делчев се вплетени во македонската историја како синоним за една автентична и искрена борба и пожртвуваност, како синоним на македонската државност кој има најголема моќ во паметењето на Македонците, напиша премиерот Зоран Заев на својoт фејсбук профил.

„Денеска, на денот на загинувањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, го чествуваме како инспиратор и апостол на македонската револуционерна организација која се бореше за остварување на историската идеја за правото на Македонците да го остварат вековниот сон за своја самостојна држава“, наведува Заев.

Според него, „секоја година на датумите врзани за животот на Делчев, како и на денешниот ден кога се сеќаваме на неговата погибија пред 118 години, се поклонуваме пред и за Гоце Делчев, во име на реализацијата на неговиот завет до идните поколенија да го остварат неговото и делото на плејадата македонски револуционерни дејци за формирање македонска држава која ќе биде рамноправна во културниот натпревар на народите".

Во име на Владата, делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас" во Скопје.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе