Заев: Гоце Делчев е македонски револуционер, Бугарите го сметаат за бугарски револуционер

Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека Бугарите го сметаат за бугарски револуционер, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата со евроамбасадорот Гир, Заев потсети дека ние го имаме Делчево, град што го носи името на револуционерот, Бугарите го имаат градот Гоце Делчев, а негови споменици има насекаде.  

„Заедно се поклонивме со премиерот Бојко Борисов и на споменикот на Делчев во Благоеврград и на гробот на Гоце Делчев во Скопје”, рече заев. 

Според него, во историските личности треба да гледаме можност за зближување. 

„Ако ги избегнуваме историските моменти, ги ставаме под тепих и не разговараме за нив, тоа не е добра европска иднина на Западниот Балкан. Затоа имаме договор да ги решиме овие прашања”, додаде Заев.  

Тој најави дека за прашањето за Гоце Делчев ќе разговара на средбата со Борисов што очекува да се случи пред 10 ноември во Софија, односно непосредно пред самитот на берлинскиот процес со кој копретседаваат Бугарија и Македонија и којшто треба да се одржи во Софија. Тоа, според Заев, би била негова прва официјална посета.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе