Teренска координативна средба над Будинарци

Заев го прекина одморот, замина на опожарените терени

Шумите лесно се палат, а тешко се гасат – порачувам да внимаваме сите, да ја ставиме безбедноста на прво место и да ги спречиме сите ризици кои може да предизвикаат пожар, објави премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук откако го прекинал годишниот одмор и утрово се појави на една од најкритичните локации зафатени со огнените стихии, над селото Будинарци. На координативната средба присуствувал дел од владиниот врв, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, како и австриски пожарникари, кои покажаа висока ефикасност и професионалност во работата.

„Беровско Будинарци е уште едно од македонските населени места кои се исправија пред огнот и заедно со пожарникарите, со своите мештани и со солидарната помош се борат за безбедност и за спас на околината“, наведува Заев.

Тој во објавата потенцира дека во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

„Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност“, додава Заев во објавата на својот фејсбук-профил.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе