Заев го одби барањето на Мицкоски за одржување на лидерска средба

Премиерот Зоран Заев го одби барањето на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за одржување лидерска средба, на која освен за разговорите со Бугарија, би се разговарало и за пописот, економијата, образованието.

„Не гледам потреба од лидерска средба. Особено со човек кој нема став за ниту едно важно, национално или стратешко прашање. Мицкоски не е за договор на било која тема, тој бара начин само како да наштети на државата, особено на процесите кои не водат кон ЕУ“,  вели Заев куса изјава за медиумите.

Претходно, на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски го повтори повикот што вчера јавно го упати неговиот лидер, Христијан Мицкоски, за одржување лидерска средба на која би се ставиле на маса „сите важни прашања".

Мицкоски јавно повика на лидерска средба на која, освен за разговорите со Бугарија, би се разговарало и за пописот, економијата, образованието.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе