Промени на почетокот на јуни

Заев го има концептот за „метлата“, ќе зафати министри, заменици министри, директори...

Премиерот Зоран Заев најави дека на почетокот на јуни ќе излезе комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а на крајот на јуни ќе почне и промена по вертикала во општините каде државата е претставена со одредени државни институции.

На новинарско прашање до каде е најавената „метла“, рече, дека се работи за неколку министри, за неколку заменици министри, за неколку директори, но конечните бројки ќе се соопштуваат кога за тоа ќе биде донесена одлука.

„Сѐ уште сме во фаза на размислување, го имам концептот. Главните критериуми ќе бидат ароганцијата, неисполнување на одредени очекувања на граѓаните, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, непотизмот, укажувањата од Антикорупциска.Сите аспекти ќе бидат согледани и верувам дека ќе направиме вистински решенија, кои ќе бидат сериозен акцелератор за посилно динамизирање на работите во нашата земја, затоа што граѓаните сега очекуваат и конкретни резултати после сите овие крупни политички одлуки и по завршувањето на претседателските избори“, изјави Заев. Тој најави дека деновиве ќе биде закажана средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со другите коалициски партнери на која ќе се разговара за реконструкцијата, бидејќи верува дека промени треба да се случат од сите репрезенти во Владата и во државните институции.

Премиерот уште порача дека сите се одговорни пред граѓаните и дека токму граѓаните се главниот репер.

„За мене нема пречки и предрасуди. Јас сум мандатар, мојата одговорност е да ги согледам укажувањата на граѓаните, да постапам по нив, да направам соодветни корекции“, изјави Заев и истовремено најави и промени во СДСМ.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе