Заев: Главна задача ни е раст на платите и пензиите

Откако ги решивме сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард и главна задача е раст на платите, пензиите и капиталните инвестиции за подиректна осетлива благосостојба за сите граѓани во Република Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев, откако денеска најави дека одреден период ќе раководи и со функцијата министер за финансии.

Прашан зошто се одлучил тој да раководи со функцијата министер за финансии, Заев рече дека тоа поради фактот што оваа година е прогласена за година на економијата.

„Влегуваме комплетно со сите свои перформанси. Тевдовски останува да работи околу мене, веројатно и како советник во тој дел. Следуваат храбри решенија и храбри одлуки, каде бенефит треба да имаат сите граѓани и во делот на социјалниот аспект и во делот на земјоделието и пензиите и платите. Кога веќе се решени сите големи политички прашања на нашата земја останува да го зголемиме економскиот стандард“, изјави Заев.

Посочи дека наесен е можно да има ребаланс и случно, посочувајќи дека летово нема да се случуваат некои драматични работи на тоа поле.

„Важно е на 1 јули да почне проектот за поврат на ДДВ. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е добро. Дај боже на секој да вратиме што може повеќе. До 50 милиони евра ќе се враат кај граѓаните. Ако проектот успее бројките ќе растат и граѓаните ќе добиваат повеќе пари и тие пари ќе може да ги искористат за организирање на својот семеен стандард и живот“, изјави Заев.

Најави дека главна задача е зголемување на платите, за што веќе имаат план и чекори, и дека од септември ќе има зголемување на платите во голем дел од јавната администрација, додека од 1 јануари очекува да се овозможи и раст на пензиите.

„Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници. Од септември и на голем дел и на целата јавна администрација се качуваат платите. Сакаме да направиме квантен скок на севкупното зголемување на платите. Овде ќе преземеме одредени чекори, кои треба дефинитивно да го направат квантното чекорење кон подобро и повисоко ниво на севкупните нето плати кои се земјата во Република Северна Македонија“, изјави Заев.

Инаку денес во Јосифово почна изградбата на втората фаза од системот за наводнување на јужната долина на Вардар

„Валандовско-богданскиот и дојранскиот регион заедно со гевгелискиот регион се навистина големи производители на храна што ја имаме на нашите трпези, но и еден од најсериозните учесници во нашиот извоз. Денеска ја означивме изградбата на втората фаза од многу значаен проект за еден од поголемите земјоделски региони во нашата земја“, изјави Заев на свечениот настан во Јосифово.

„Ова е трајно добра,трајна инфраструктура која ќе остане овде да се користи од многу генерации земјоделци. Без вода нема производство, нема храна, нема квалитет. Преку ситемот за наводнување на ова поле, дефинитивно веруваме дека ќе ја зголемиме компетативната можност на земјоделските производи, да растат во нивната цена и конкурентност, да ги намалат трошоците и да ја зголемат продуктивноста по хектар затоа што со водата само тоа е возможно“, нагласи Заев.

Премиерот изрази веруваење дека брзо ќе се реализира проектот кој е димензиониран за не подолго од 21 месец да биде пуштен во употреба и потврди дека паралелно со ова се проектира веќе и неговата трета фаза кјоја продолжува кон богданко-дојранскиот регион.

Министерот за земјоделство во заминување, Љупчо Николовски, истакна дека во изминативе две години одглавиле многу заглавени проекти од значење за земјоделците и дека целосно биле посветени да завршат сите постапки и процедури.

„Проектот што го означивме денеска чини нешто повеќе од 24 милиони евра и ќе овозмоши наводнување на 2.040 хектари земјоделско земјиште. Должината на главниот канал ќе биде околу девет километри и ќе бидат конструирани пет пумпни станици кои ќе снабдуваат 85 километри терцијална и секундарна мрежа.Особено е значајно што ова е дел од владината програма и инвестициите во капиталните водоснабдителни системи. Министерсството се подготвува за нови капитални инвестиции кои после 15 години навистина се градат во делот на земјоделството како значаен секрет на нашата економија“, рече Николовски.

 

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе