Заев ги соопшти кандидатите за градоначалници, Шилегов повторно кандидат за Скопје

На прес конференција што се оддржа вечерва, премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ги објави имињата на 30 кандидати на СДСМ за градоначалници на претстојните локални избори.

Поднесени биле 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 за советници.

Заев информира дека за кандадати за градоначалници се утврдени Перо Костадинов за Валандово, Миликие Халими за Арачиново, Благојчо Шапов за Богданци, Зоран Зимбаков за Босилово, Велимир Смилевски за Бутел, Марјан Јанев за Василево, Сашо Јанкоски за Вевчани, Ивица Димитров за Виница, Роберт Бешовски за Градско, Горан Трајковски за Делчево, Лазе Петров за Демир Капија, Анго Ангов за Дојран, Борче Гиевски за Зелениково, Јордан Насев за Карбинци, Филип Темелковски за Кисела Вода, Благојчо Илиев за Конче, Томе Христовски за Крушево, Аце Велковски за Лозово, Медад Куртовски за Маврово-Ростуше, Љубе Кузмановски за Новаци, Костадин Георгиевски за Охрид, Елизабета Зелениковска за Петровец, Славчо Пандурски за Пехчево, Драган Анастасов за Пробиштип, Живко Гошаревски за Ресен, Стојан Николов за Росоман, Жаклина Јовановска за Старо Нагоричане, Горан Стојановски за Чашка, Сашко Николов за Штип и Петар Шилегов за Скопје.

Одлуките, додаде Заев, ги носиме здружено со граѓаните, кои што најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина.

„Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени меѓу граѓаните на овие 30 општини. Сите овие кандидати за градоначалници и градоначалнички кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни со конкретни планови и решенија. Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани, СДСМ тоа во изминатите години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави уште подобро и во иднина“, изјави Заев.

За останатите кандидати, посочи Заев, ќе информираат како што ќе се завршуваат останатите анкети, истражувања, анализи и ќе се носат одлуките на раководството.

„Не станува збор за фаворизирани општини. На пример за општините за кои со сигурност знаеме дека ќе победиме како Струмица, Центар, Куманово, Карпош, Крива Паланка и други ќе ги објавиме во следните фази, затоа што за нив постапките ќе завршат до крајот на овој месец и средината на август“, изјави Заев.

Втората фаза потврдени градоначалници, посочи Заев, ќе биде објавена кон почетокот на следниот месец, а очекувањата се кон крајот на август да бидат објавени комплетно сите кандидати за градоначалници и градоначалнички.

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе