среда, 8 мај 2024
Избори 2024

Според резултатите на ДИК, СДСМ станува четврта партија на македонската политичка сцена

Од обработените податоци од 62,18 отсто од избирачките места, според ДИК, во убедливо водство е коалицијата Твоја Македонија на ВМРО-ДПМНЕ, која досега има освоено 227.944 гласа или 40,27%. Коалицијата на СДСМ Европска иднина освои 77.658 гласа, или 13,72%.

 

Објавено на

часот

Сподели

Во пресметката меѓу ДУИ и опозицијата на Албанците-гласачи во Македонија, коалицијата Европски фронт на ДУИ освои 92.869 или 16,41%, а коалицијата Вреди освои 76.172 гласа, или 13,46%.

Левица освои 37.012 или 6,54%, а движењето ЗНАМ 27.689 – 4,89%.

На 60% обработени податоци, Гордана Сиљановска-Давкова има предност од над 160.000 гласови пред Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ