На изборите в недела

Заев ги повикува Македонците во Албанија да гласаат за социјалистите на Еди Рама и за Стерјовски

Премиерот Зоран Заев ги повика Македонците во Албанија и оние кои имаат албански пасош да гласаат за Социјалистичката партија на Еди Рама на изборите што ќе се одржат в недела на 25 април, јавија албанските медиуми.

„Ве повикувам на 25 април да гласате за број 12 и да ја поддржите Социјалистичката партија“, порачал Заев.

Истовремено тој ги повикал Македонците да го поддржат Васил Стерјовски, единствениот Македонец кој станал пратеник во албанскиот парламент на листата на Социјалистичката партија и којшто сега се кандидира по втор пат во Корча.

„На изборната листа на Социјалистичката партија на мојот драг пријател Еди Рама е и Васил Стерјовски, Македонец кој е дел од парламентот на Албанија во изминатите две години“, вели Заев во повикот Македоницте во регионот на Корча да гласаат за Стерјовски.

СДСМ, предводена од Заев и Социјалистичката партија на Рама се сестрински партии во Партијата на европските социјалисти, а двајцата лидери имаат тесна соработка, вклучувајќи ја и соработката за таканаречената мини-Шенген иницијатива заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Инаку, Македонците се едно од петте официјално признати малцинства во Албанија, а на последниот попис во 2011 година нивниот број бил околу 6.000, иако некои невладини организации тврдат дека е поголем.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе