Заев – Галовеј: Унапредувањето на соработката со Обединетото Кралство еден од приоритетите на Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, која му го честиташе вториот мандат и изборот на новата Влада посакувајќи му успешна работа.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев во разговорот со амбасадорката, истакнал дека се важни остварените резултати од првиот мандат во насока на зајакнување на демократијата и подобрување на политичките слободи подвлекувајќи дека во наредниот четиригодишен мандат Владата останува посветена на стратешките цели, меѓу кои важно место зазема заложбата за исполнување на обврските од членството во НАТО и забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

На средбата било констатирано дека Британија и Северна Македонија се силно посветени на зајакнување на билатералната соработка на економски план и зголемување на трговската размена.
 
Премиерот Заев и амбасадорката Галовеј разговарале и за програмите и мерките кои помагаат за совладување на здравствено-економската криза од ковид – 19 и нивна најдобра примена за заштита на економијата и животниот стандард на граѓаните, со цел продолжување на позитивните реформи во нашата земја во областите на одбраната, владеењето на правото и доброто управување, се наведува во соопштението од владината прес-служба. 

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе