Интервју за А2 ТВ

Заев: ЕУ не ми даде да почнам со ветингот веднаш по доаѓање на власт

Спроведувањето на ветингот  во судството е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за А2 Си–Ен–Ен Албанија.

„Го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она тоа што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот. Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како ветингот оди во Албанија, како ќе заврши. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места“, вели Заев.

Според него, потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе