Преспа форум дијалог

Заев: ЕУ испрати лоша порака за регионот

Одлуката да не се одржи првата меѓувладина конференција беше големо разочарување за Северна Македонија и за Албанија. Тоа е голем неуспех на политиката на проширување на ЕУ и лоша порака за регионот. ЕУ не го исполни своето ветување, вели премиерот Зоран Заев.

„ЕУ може да поставува интегративни задачи, рокови, но не може да ја утврди ниту нашата локација, што е во срцето на Европа, ниту нашата култура и нашиот европски идентитет, ниту да ја оспори иднината на нашите народи како европски нации во европското семејство, во европските земји, имајќи европски политички, институционални и економски стандарди“, рече Заев на Пленарната сесија на високо ниво „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западниот Балкан“, што се одржува во рамки на „Преспа форумот за дијалог“ во Охрид.

Премиерот во обраќањето пред учесниците на конференцијата укажа на потребата од „трансформирање“ на трансатлантските односи, пред сѐ во контекст на суштинската важност кога станува збор за стабилноста на регионот на Западниот Балкан.

„Колку што трансатлантските врски се посилни и стабилни, Западниот Балкан е посилен, стабилен и просперитетен. Заедничкиот ангажман на САД и ЕУ на Западниот Балкан е од суштинско значење. Силно тврдам дека трансатлантските врски мора да бидат трансформативни, со цел да одговориме на кој било предизвик со кој сите ќе се соочиме во иднина. И овој одговор треба да биде едногласен, силен, стабилен, брз и одлучувачки“, рече премиерот Заев.

Тој потсети дека зачленувањето на земјата во НАТО беше реализација на државната стратешка цел и едно од најголемите достигнувања во надворешната политика.

„Членството во НАТО е одраз на нашиот суверен избор и сведоштво за нашата силна меѓупартиска и општествена цел да станеме целосно интегрирани во евроатлантското семејство на нации. Денес, Северна Македонија ја подобри безбедноста и стабилноста, како и регионот на Западен Балкан. Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21-от век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економски придобивки и просперитет на сите граѓани“, рече Заев, додавајќи дека сето тоа беше можно заради Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, како и заради Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Тој уште кажа и дека неуспешниот обид на ЕУ за отпочнување преговори за членство на Северна Македонија и на Албанија во Унијата само ја нагласува потребата Европа повторно да се најде себеси и како што рече „да се врати на своите корени, да се врати на Шуман и Аденауер“.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе