Заев е убеден дека ќе се најде решение со Бугарија по формирањето влада

Премиерот Зоран Заев очекува во април да биде формирана новата влада на Бугарија и со тоа да продолжат разговорите и да се изнајде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни, бидејќи, како што вели, тоа е интерес за целиот Западен Балкан, на ЕУ, а дефинитивно и интерес на бугарскиот народ.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за тоа какви се очекувањата по формирањето на новата влада во Бугарија и дали ќе се укине нивното вето за нашето членство во ЕУ, тој рече дека е убеден дека ќе се изнајде решение, но повтори дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик, не биле и не може да бидат тема на разговор и преговори.

Заев потсети и дека Бугарија во континуитет ги поддржува евроинтеграциите и на Македонија и на целиот Западен Балкан.

„Важно е каква историја денеска пишуваме, важно е што ќе им оставиме на младите, на идните генерации“, изјави Заев на прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими на која говореа за збирниот ефект од четирите пакети економски мерки.

 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе