По вчерашното гласање во Собранието на Македонија

Заев е среќен за добиената доверба, сега ќе работи на деблокада на парламентот

Голема чест е што добив доверба, навистина првпат премиер ја користи деловничката алатка од членот 217 став 2, и сам да побара доверба. Јас сум среќен и сум благодарен за поддршката од мнозинството во парламентот заради тоа што тоа е основа за да продолжиме да работиме, изјави премиерот Зоран Заев во Штип и најави дека ќе работи на деблокада на Собранието со цел да се донесат повеќе важни закони.

Премиерот Заев рече дека со добиената довербата за Владата се зголеми неговата одговорност да се одблокира Собранието, по пат на разговори, но и според законските и деловнички одредби.

„Голема чест е што ја добив довербата и сум благодарен што ја отстранивме наводната неизвесност. Повеќе месеци слушаме дека не постои парламентарно мнозинство, дека Владата ќе падне, а тоа имаше негативно влијание како врз граѓаните, така и врз економијата, на работењето на администрацијата, на самата Влада. Таа магла ја тргнавме и тоа е значајно заради општествените придобивки", рече Заев и нагласи дека во наредните денови ќе најави и нови политики кои ќе значат напредок и зголемена ефикасност во државата.

Заев предупреди дека повеќе важни закони се заглавени во Собранието, меѓу кои и Законот за енергетска ефикасност, проектот на Светска банка за земјоделството, заглавен е, рече, и проектот за трамвај на тркала за Скопје.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе