Ќе има ли средба во Преспа?

Заев е оптимист и вели дека е можно конечно решение, денеска уште еден разговор со Ципрас

Се надевам дека веќе утре ќе се оствари мојот оптимизам, изјави синоќа премиерот Зоран Заев по вчерашниот едночасовен телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас. За денеска е најавен нов разговор, а веќе се правеле и подготовките за средба во Преспа, некаде кон крајот на неделава.

Според неофицијални информации и натаму отворени се прашањата за севкупната употреба на новото име (најверојатно Северна Македонија), уставните измени, уставноста на договорот, можноста од непотпишувањето на договорот од страна на претседателот Иванов, дополнителните објаснувањата на придавките македонски (јазик, народ...) со словенско и географско потекло... Освен тоа во однос на уставните измени вратено е и прашањето за иредентизмот, кој грчката страна го наоѓа во преамбулата на Уставот со споменувањето на АСНОМ. Во документите на АСНОМ се споменува и обединување на Македонија и македонски јазик.   

„Наша конечна цел е да добиеме фер договор заснован на факти, кој ќе не стави на маса со сите прозападни земји и каде рамноправно, рамо до рамо, ќе го јакнеме нашиот идентитет, ќе ја јакнеме економијата и ќе отвораме перспективи. Веројатно мојот оптизмизам ќе се оствари. Но, конечно ќе биде, кога ќе биде конечно сѐ. Се надевам дека тоа ќе биде утре“, изјави вчера Заев во во врска со прашањето за името и денешниот разговор со Ципрас.

Договорот за името, напомена премиерот, е историски, а на Македонија во овој контекст ѝ треба лидерство.

„Остана утре повторно да се слушнеме, со надеж дека е можно да го направиме исчекорот“, информира премиерот и нагласи дека Македонија треба да гради пријателството со Грција, а во тој дух треба да биде и договорот. „Ако покажеме европски манири на решавање проблеми, тогаш дефинитивно ќе ги минимизираме шансите за проблем во евро и НАТО интергациите“, рече Заев и додаде дека референдумот за ова прашање би се одржал кон крајот на септември или почетокот на октомври.

Грчкиот шеф на дипломатијата вчера изјави дека решителниот чекор е веќе направен, дека Заев го избра веќе името и дека денеска двајцата премиери повторно ќе разговараат и ќе го завршат разговорот.

Во однос на европската и евроатланската перспектива на Македонија, Коѕијас рече дека со ратификуван договор во нашето Собранието, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако сѐ оди според планираното, НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.

„Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме „ок“ за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат“, рече Никос Коѕијас.

 

 

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе