Проблеми во комуникацијата меѓу претседателот и премиерот

Заев е изненаден од ставот на Пендаровски за Отворен Балкан, од кабинетот на претседателот велат дека нема промена на ставот

Премиерот Зоран Заев е изненаден од негативната реакција на претседателот на државата за Отворен Балкан, кој Пендаровски вчера го изнесе во Приштина. На оваа реакција на премиерот веднаш реагираа од кабинетот на претседателот во која се вели дека ставот на претседателот Стево Пендаровски во однос на иницијативата Отворен Балкан е конзистентен од самиот почеток, а претседателот тоа му го има и лично пренесено на премиерот Зоран Заев по првичниот состанок во Нови Сад кога е промовирана иницијативата.

„Неразбирливо е зошто некој би бил против пријателство со соседите, против зближување на младите и народите од Западен Балкан и против полесна и побрза економска размена меѓу земјите од регионот. Јас сум изненаден што Пендаровски ги промени своите ставови за оваа пред сѐ економска иницијатива, но нема да бидам изненаден кога повторно ќе се премисли за да даде поддршка во периодот што доаѓа, а во интерес на граѓаните, државата и регионот“, изјави Заев за ТВ21.

Според него, минатото покажало што значи затворен Балкан и затоа неоправдано е кое било заговарање против иницијативата Отворен Балкан, но „особено е неразбирливо кога ваквата негативна реакција доаѓа од првиот човек во државата кој би требало да биде и прв во заштитата на интересите на граѓаните“. Сепак, посочи Заев, претседателот на државата нема ингеренции во тој дел.

„Во Северна Македонија претседателот на државата нема никакви ингеренции во делот на олеснување на царинските процедури, во делот на воведувањето One Stop Shop премини за брз проток на границите, во делот на признавање на работни дозволи и дипломи“, рече ЏЗаев и додаде дека не е загрижен, туку е уверен дека институциите посветено ќе работат на обезбедување на бенефитите од оваа иницијатива за граѓаните.

Од кабинетот на претседателот потсетуваат дека на оваа тема се разговарало и на првата лидерска средба во присуство на опозициските партии во 2019 година. „Едногласен заклучок во однос на иницијативата Отворен Балкан, усогласен меѓу сите политички субјекти на таа лидерска средба беше дека нашата држава нема алтернатива на патот кон полноправно членство во ЕУ и дека доколку иницијативата Отворен Балкан има таков карактер, таа не е прифатлива за ниту еден политички субјект во Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски никогаш не бил против зајакнување на економските процеси, олеснување на царинските процедури, слободниот проток на луѓе и капитал меѓу земјите на Западен Балкан. Но, тоа што половина од државите во регионот не се дел од иницијативата Отворен Балкан објективно го лимитира нејзиниот потенцијал.

Претседателот Пендаровски никогаш нема дадено изјава или донесено акт или одлука со која би била против пријателството на народите во регионот и против нивната ЕУ перспектива. За жал, многу други политичари во регионот делуваат во спротивна насока“, се вели во реакцијата од кабинетот на претседателот.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе