„Метлата“ ќе заврши до крајот на јули

Заев: Дваесетина директори ќе бидат сменети на централно ниво, триесетина на локално

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека наредната недела продолжува следниот чекор од реконструкцијата на Владата. Ќе има смени на заменици министри и директори на институции. Очекува целиот процес да заврши до крајот на јули.

„Се работи за повеќе од дваесетина директорски места на централно ниво. Веројатно повеќе од триесетина на локално ниво. Има подрачни единици, замениците, тоа се веќе испразнети места, непополнети кои што ќе завршат во овој период на јули. Идната недела веќе ќе одиме со следниот чекор“, изјави Заев при денешната посета на Стоби, одговарајќи на новинарско прашање до каде е реконструкцијата.

Тој посочи дека со смената на замениците министри и директорски места во подрачните единици во државата ќе заврши самата реконструкција.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе