Заев: Достоинствено решение за името со гаранција за идентитетот

Ќе направиме сѐ за да изнајдеме решение на овој горлив 25-годишен проблем, но не по секоја цена. Решението на спорот со името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање на конференцијата за медиуми во Владата.

„Став на Владата е дека е прифатливо име со географска одредница. Тоа го темелам на внатрешната дебата што ја имаме во Македонија. Достоинството и идентитетот се важни, јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање да најде решение во интерес на иднината“, рече Заев.

Во однос на можната промена на Уставот Заев потсети дека тоа е еднаш направено до 1993 година.

„Во моментот сѐ што правиме е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, иредентистички побуди. Многу е важно да успееме, мило ми е што имаме пријателски односи. Секако постојат радикални структури и тука и во Грција, но треба да направиме сѐ да се изнајде решение“, изјави Заев.

Заев за информациите дека во Давос на средбата со грчкиот колега Ципрас паднал некаков договор, Заев рече дека таа средба била од информативен карактер и дека преговарачкиот процес останува да се води под посредство со медијаторот на ОН, Метју Нимиц.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе