На прес-конференција во Владата

Заев: Договоривме Република Северна Македонија и заштитен идентитет

Свои на своето. Признаени од Грција и од меѓународната заедница. Нема веќе ФИРОМ, рече на денешната прес-конференција во Владата премиерот Зоран Заев.

„Етничкиот и културен идентитет е заштитен. Зајакнат идентитет и гаранција за безбедност и просперитет. Прецизирано македонско име, достоинствено и географски прецизно, со превод на сите јазици. Амандман во Уставот. Потврда на македонскиот јазик без фуснота. Националноста е македонска/граѓанин на Република Северна Македонија“, рече Заев.

Тој додаде дека се решава два и полдецениски спор и дека нема веќе ФИРОМ, а Република Северна Македонија е името предвидено за севкупна употреба. 

„Ова е вистинското решение. Создадовме историска можност за успех. Гласот на граѓаните е конечен и во овој договор стои дека на есен ќе има референдум. 'Да' за македонската иднина. Денес како никогаш порано сум исполнет со чуство на искрена надеж за иднината на сегашните и идните поколенија. Зборувам за надеж и оптимизам, кој ни кажува дека доаѓа подобро време. Шансата е тука и мора да се искористи храбро и смело.

Се осмеливме затоа што не ни беше сеедно. Се определивме за иднина. Имаме историско вековно решение. Решавајќи го спорот, градиме пријателство со Грција, кое никогаш не било поголемо. Во нашите раце е клучот за отворање на европската перспектива. Решаваме два и пол децениски спор за да ја извлечеме нашата земја, која одеше надолу. Со решението го јакнеме македонскиот индентитет. Нема веќе ФИРОМ. Признати сме од Република Грција. Нашата добивка е бесценета, гаранција за безбедност и зајакнат идентитет. Република Северна Македонија е предвидено да биде за севкупна употреба", рече премиерот Заев на прес-конференцијата.

Премиерот додаде дека договорот ќе биде презентиран пред сите, а потоа потпишан од претставниците на двете влади, по што следи ратификација во Собранието на Република Македонија.

„Следуваат писма од грчката влада до ЕУ и до НАТО дека нема спор за името и дека нема пречки за членство во НАТО и препорака за почеток на преговорите за членство. Веруваме дека во јуни ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, а во јули ќе добиеме и покана за полноправно членство.

Наесен следува референдум, на кој граѓаните ќе одлучат за иднината. Граѓаните ќе бидат дел од иднината, да кажеме 'да' за македонската иднина.

По референдумот Грција до крајот на годинава ќе го ратификува договорот и протоколот за членството во НАТО“, рече премиерот.

На новинарското прашање на МКД.мк кога ќе биде испратено писмото до 190 земји за новото име, Заев одговори дека писмото ќе биде пратено кога договорот ќе биде ратификуван од двете страни и ќе бидат информирани земјите за новото име.

Заев информираше дека ќе дојде до промена на ознаката на регистарските таблички на возилата, наместо МК - НМК, а остануваат да важат кодовите МК и МКД.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе