По вчерашната неуспешна лидерска средба

Заев: Договор нема, но иднината на предметите и обвинителите на СЈО е осигурана

По вчерашните пропадната лидерска средба која траеше околу 7 часа, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарските прашања рече дека предлогот на власта бил да има обвинителство кое ќе гони висока корупција, кое ќе има право да формира нови, но и да работи и на стари предмети во кои има законска основа да се гонат сите кои се на функција.

„ЈО да остане како што е, односно да не одлучуваат Заев и Мицкоски беше нашиот предлог. Со тоа да и излеземе во пресрет на опозицијата, и предлогот да дојде од нив, па да оди во Парламентот, па на крај да дојде во Советот на јавни обвинители. Дадовме предлог тоа ново обвинителство да е независно и да ги има сите ресурси и да истражува висока корупција, да формира нови, но и да работи на старите случаи. Тоа значи дека може да го гони и Заев како градоначалник од 2015, но и да отвора нови предмети", рече премиерот Заев.

Тој додаде дека недозволиво е да има нов шеф и да му се дадат нему сите предмети, а може да одлучи сите предмети да ги поништи.

„Тоа не е дозволиво. Во вакви околности стана јасно дека Мицкоски е подготвен да го жртвува датумот за НАТО и ЕУ, а по цена да го запре криминалот на ВМРО-ДПМНЕ. Апелирам во пресрет на одлуката за датум на преговори, опозицијата да увиди колку е тоа важно. Предметите на СЈО ќе продолжат да се процесираат независно од одлуките на Заев и Мицкоски. Одговорноста за датумите ќе ја имаат само Мицкоски и опозициската партија. Треба да продолжиме со преговори и не треба да се откажеме. Се надевам дека било која идеја може да доведе до решение. Должност на сите е да ја обезбедиме иднината на предметите на СЈО и тоа мора да го гарантираме и да не дозволиме да се уништат, заташкаат и амнестираат овие предмети. Немаме друга алтернатива освен да седнеме и да преговараме. Ние донесовме многу добри закони и нашата надеж беше дека можеме да изнајдеме решение. Ние понудивме решение и рековме во ред, висока корупција. Ни треба уште позасилена борба против корупцијата. Се знае како државниот обвинител одлучува по тие предмети, и на крајот рекоа ок, но предметите да бидат во обвинителство кое шефот ќе го предложи опозицијата. Немаме предлог за тоа, но да биде целта само да се земат тие предмети е црвена линија која ние не можеме да ја допуштиме. Планот Б не е скриена варијанта. Предметите преминуваат во ЈО и ја имаат осигурано својата иднина. Вака како што се сега, државниот јавен обвинител има опција да ги распредели до надлежни обвинители. Добро е да имаме договор, оти само така ќе имаме правна држава. Договор нема, но иднината на предметите и на обвинителите на СЈО е осигурана. Сите обвинители се враќаат кој од каде дошол, можеби нема платите да им бидат исти, но се враќаат. Прашање е само дали ние политичарите знаеме да ги почитуваме црвените линии или не", одговори Заев.

Тој појасни дека предметите на СЈО не може да лабдат, да се уништат.

„Не бевме далеку од договор, но пуста желба да се има контрола на тие предмети е недозволиво. Секој пат стојам зад системи и организациите", додаде премиерот Заев.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе