По интервјуто на шефот на државата за МКД.мк

Заев: Добро е што Пендаровски рече дека ќе го потпише законското решение за личните карти

Претседателот Пендаровски во интервјуто за МКД.мк рече доколку предлогот за етничка припадност во личните карти ја добие поддршката од парламентарните партии дека законот ќе го потпише, но секако, ќе разговараме и со него, треба да се слушнат размислувањата на оваа тема, вели премиерот Заев. Тој изјави дека СДСМ ќе се залага во Изборниот закон Македонија да стане една изборна единица, но нагласи дека за тоа ќе биде потребен широк консензус.

„Внимателно го читав интервјуто на претседателот Стево Пендаровски за порталот МКД.мк, секако го ценам неговиот став во поглед на законскиот предлог за етничката припадност во личните карти. Претседателот во интервјуто рече доколку овој предлог има поддршка од парламентарните партии дека законот ќе го потпише. Секако, ќе разговараме и со него, треба да се слушнат размислувањата на оваа тема. Сепак, треба да нагласам дека и со уставните измени треба да водиме сметка за правата на етничките заедници, и за помалите етнички заедници. Треба да се има предвид дека со графата за етничка припадност Македонците не губат ништо. Македонија е мултиетничка држава, таа е и доста поразлична од други држави, тоа е нашето богатство и тоа е и наша предност", изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција пред Владата со претседателот на Сојузот на Средношколци Бленди Ходаи на новинарско прашање во кое беше посочено дека претседателот Пендаровски не се согласува со предлогот во личната карта да се впишува и етничката припадност.

Заев додаде дека законскиот предлог за личните карти е даден и аргументиран од коалицискиот партнер БЕСА, а дека се работи и за даден збор во рамки на владејачката коалиција.

„Разговаравме на оваа тема, утврдивме дека аргументацијата нѝ укажува дека предлогот е во рамки на духот на Преспанскиот договор. Тоа што е важно, е дека со законскиот предлог се почитува државјанството, тоа стои како македонско - граѓанин на Република Северна Мкедонија, а во друга графа ќе биде етничката припадност“, рече Заев.

Тој додаде дека е разговарано за ова прашање и со МВР како и со други надлежни институции, во смисла и на процедурите и роковите, и нагласи дека е задоволен затоа што предлогот го поддржува и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

На прашањето дали СДСМ ќе се согласи на измени на Изборниот закон со цел Македонија да биде една изборна единица, премиерот одгоори дека за Изборниот закон мора постои широк консензус и во одредбите да бидат вградени препораките од ОБСЕ/ОДИХР.

„СДСМ се бори за една изборна единица и за отворени листи, но при тоа сакаме сите да бидеме ЗА, да не излезе дека решенијата се во интерес на големите партии. Мора и опозицијата да се изјасни. Добро е уште сега да почнеме со разговорите, иако до парламентарните изброи има три и пол години“, рече премиерот Зоран Заев.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе