На вчерашната седница

Заев доби овластување од Владата да ги креира финансиските политики

Владата на вчерашната седница донела заклучок премиерот Зоран Заев да може да ги насочува дејствата во областа на финансиите и финаиските политики, како и заклучок заменичката на министерот за финансии Ширет Елези да ги преземе овластувања и одговорности за раководењето со ова Министерство.

„На оваа седница беа донесени два заклучока. Првиот дека претседателот на Владата ги насочува дејствата на Владата во работите од областа на финансиите и финансиката политика и спроведување на програмските определби на Владата, согласно член 11 став 1 и став 2 и член 35 став 1 од Законот за Владата на Република Македонија. Вториот заклучок на Владата е дека констатира оти се настапени условите по член 48 став 2 од Законот за организација и работа на органите на државата управа согласно кои заменикот министер за финансии ги презема сите овластувања и одговорности за раководењето на Министерството за финансии“, рече Хоџа.

Членот 11 од Законот за Владата предвидува дека премиерот раководи со работата со Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи. Вториот став, пак, вели дека тој го насочува дејствувањето на Владата во целина и нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува. Во членот 35 од истиот Закон, пак, се вели дека за извршување на законите, Владата донесува уредби со законска сила, уредби, одлуки, упатства, програми, решенија и заклучоци.

Согласно Законот за организација и работа на органите на државата управа, заменикот го заменува министерот во случај кога тој е отсутен или кога поради болест или други причини не е во можност да ја врши својата функција.

Поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски беше сменет при неодамнешната реконструкција на Владата. Премиерот тогаш најави дека истовремено ќе ја извршува и оваа министерка функција, но потоа се повлече поради ставот на Антикорупциската комисија за судир на интереси. Потоа најави дека ова овластување што го доби од Владата ќе го користи привремено до избор на нов министер за финансии.

 

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе