И извршната власт пред конституирање

Заев до Собранието ги поднесе предлог-составот на новата влада и програма за работа

 Мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска до Собранието достави предлог-состав и програма за работа на новата Влада. Тој рече дека од наредната недела ќе имаме стабилна, ефикасна и одговорна влада.

„На изборите на 15 јули граѓаните на фер, слободни и демократски избори го потврдија правецот, го кажаа свјот став кој денеска го преточуваме во програма“, изјави Заев.

Тој рече дека рече дека новата Влада ќе биде стабилна, ефиканса и одговорноа влада која ќе ги гарантира стратешките определби односно членство во НАТО и ЕУ, добри меѓусосетски односи, справување со корона кризата, нова енергија и подинамичен економски раст, како и ефикасна правна држава.

Мандатарот очекува на почетокот на следната недела Северна Македонија веќе да има нова Влада.

Заев изјавата ја даде пред главниот влез на Собранието, а со него беа и 19 министри, колку што ќе има новата Влада, наместо досегашните 26.

„Денес во Собранието доставив предлог програма за работа и предлог состав на новата влада на Република Северна Македонија. На изборите граѓаните го потврдија правецот и ставот кој денес го преточуваме во конкретни кадри и програма. Македонските граѓани ќе добијат одговорна влада која ќе гарантира континуитет во остварување на стратешките приоритети. Денеска како мандатор доставив предлог за влада која е подготвена да сработи во полн 4 годишен мандат. Со мене се 19 министри и министерки со кои се обврзуваме дека ќе работиме уште повеќе и уште подобро.

Програмата за работа ја отсликува посветеноста на сите политички партии од коалицијата за борба против корупцијата, прочистување на правосудството и потекло на имот на сите функционери. Сите сме согласни посветено да работиме на реализација на договорите со Грција и Бугарија, како и на Рамковвниот договор, кој е темел на заедничкото живеење во мир.

Имајќи го предвид периодот со ковид-19 ќе се посветиме со инвестиции во јавното здравство. Како еден од столбовите е и борбата против загадувањето со суштински политики и инклузивен процес. Тука најмногу сте потребни вие граѓаните. Ова се принципите и вредностите од кои ќе се води новата влада.

Предлагам одговорни професионални и отчени кадри со конкретна мисија и цели и кои ќе имаат задача да работат исклучиво за граѓаните и европската трансформација на нашата земја. Очекувам Џафери да даде доволно време за пратениците да се запознаат со програмата и биографијата на предложените кандидати“, рече Заев.

СДСМ ќе има 11 министри, од кои осум со ресор и тројца вицепремиери кои ќе бидат предложени како министри без ресор со одредена надлежност. Покрај Заев како премиер, членови на Вадата ќе бидат и Љупчо Николовски како вицепремиер за борба против корупцијата, Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија, Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања, Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи, Радмила Шекеринска – министерка за одбрана, Бојан Маричиќ – министер за правда, Благој Бочварски – министер за транспорт и врски, Венко Филипче – министер за здравство, Мила Царовска – министерка за образование и наука, Јахода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика и Ирена Стефоска – министерка за култура.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го води Аријанит Хоџа од Беса, предизборниот коалициски партнер на СДСМ, а Горан Милевски од ЛДП ќе биде министер за локална самоуправа и во новата Влада.

ДУИ во Владата ќе има шест члена. Артан Груби ќе биде прв вицепремиер и министер за политички систем, Бујар Османи – министер за надворешни работи, Фатмир Бесими – министер за финансии, Крешник Бектеши останува министер за економија, а Насер Нуредини министер за животна средина. Министер за информатичко општество и администрација, како што објавија од ДУИ ќе биде Јетон Шаќири.

Зоран Заев го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски на 13 август, по што имаше рок до 2 септември за доставување на предлогсоставот и програма на Владата.

Според уставните и законските одредби, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, Владата ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Владината коалиција што ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, во Собранието има парламентарно мнозинство од 62 пратеника. 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе