Одбележан 9 Мај

Заев до пријателите од Европската Унија: „Доаѓаме дома!”

Граѓаните на Република Северна Македонија денес се горди на својот избор, ја избравме иднината, која и припаѓа на Европската унија. Ги избравме Европа и ЕУ, затоа што се изградени на вредности во кои веруваме и ги практикуваме, порача денеска премиерот Зоран Заев во Владата, каде беа одбележани 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, но и 70 години од основањето на Сојузот на НОБ и 75-годишнината од првото заседание на АСНОМ.

На настанот, на кој присуствуваа борки и борци, владини претставници, пратеници, следбеници и продолжувачи на традициите на народно-ослободителната борба и на Сојузот на борците и дипломатскиот кор во земјата.

„Ми припадна голема чест и истовремено гордост, како продолжувач на традициите, и како претседател на Владата на Република Северна Македонија, да ви се поклонам вам и на вашето дело. Големо дело. Дело кое ја заврши вековната борба и стремеж на македонскиот народ и на сите граѓани за своја самостојна држава. Дело кое израсна врз рушевините и погромот на ужасите на Втората светска војна, и дело кое создаде државност паралелно со победата над фашизмот. Дело кое значи заедничка победа на прогресивните народи на Европа“, рече Заев во своето обраќање.

Премиерот се осврна на историскиот 9 мај 1950 година, кога францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повика да почне изградбата на нова Европа и кога како што подвлече премиерот, лидерите на европските земји ја посеаја идејата за Европската Унија и избраа дека сите разлики ќе ги решаваат на масата, а не на воените боишта.

Истакнувајќи дека граѓаните на Македонија се горди на изборот за европска иднина и нејзините вредности, Заев ги честиташе двата празника, Денот на Европа и победата над фашизмот, упатувајќи порака до пријателите од Европската Унија: „Доаѓаме дома!“.

„По сите премрежја и искушенија презедовме крупни и храбри чекори со цел од државата да направиме дом за сите, европски дом затоа што Република Северна Македонија била и секогаш ќе биде Европа”, рече Заев.

Тој уште додаде дека преку крупни чекори е зацврстено значењето на АСНОМ, преку државно-правната традиција, но и во преамбулата на Уставот.

„Наскоро ќе стоиме пред јарболот во седиште на НАТО кога ќе се издига македонското знаме. Ќе стоиме гордо затоа што грбот, химната и знамето остануваат засекогаш во нашиот код на нашиот идентитет, исто како и нашата територија, јазикот именувањето на народот со сите атрибути, со својата историја, култура и наследство, јасно и гордо македонски”, изјави Заев, оддавајќи им почести и заблагодарувајќи им на борците од НОБ за нивната вековна борба и стремежот на македонскиот народ и на сите граѓани за самостојна држава.

Тој исто така кажа дека 9 Мај е голем датум впишан со трајни букви во историјата на Европа и Европејците.

„Треба да бидеме будни кон фашистичките појави и да умееме да ги препознаваме”, е позната мисла на нобеловецот Умберто Еко, која ја цитираше претседателот на главниот одбор на Сојузот на борците од НОБ, Никола Стојаноски, во своето обраќање во Владата.

„Другарки и другари, дами и господа, на 25 и 26 мај 1948 година во Скопје се одржа првиот основачки конгрес на Сојузот на борците”, потсети Стојановски и додаде дека основна цел на Сојузот била обновата и изградбата на земјата.

По крвавата војна во која македонскиот народ и народностите дале 24 илјади жртви и претрпеле многубројни страдања и уривања, како што рече, Сојузот се соочувал со тешка одговорност да ја чува скапо стекната слобода остварена во Антифашистичката коалиција.

Потпретседателот на Сојузот Борко Зафировски во својот говор рече дека денеска почнува нова епоха за помладите, мудри и храбри политичари, без предрасуди, кои ќе ги зачуваат вредностите на државата. 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе