Заев: До петок ќе ги доставам предлозите за реконструкција на Владата

Планирам до петок да ги доставам предлозите за реконструкција на Владата зошто Парламентот на почетокот на идната недела планира седница. Ако тоа се случи во понеделник или вторник следната недела веднаш по изгласувањето на реконструкцијата продолжуваме со промената на директорските места и да ги завршиме кадровските промени, најави денеска премиерот Зоран Заев.

„Верувам дека до крајот на месецот СДСМ ќе ги донесе одлуките за избор на потпретседателите на партијата и мал дел на претседатели на општински организации кои останаа неизбрани“, рече Заев во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека за СДСМ е прифатливо да се направат измени на Изборниот законик и земјава да биде една изборна единица или, пак, да има повеќе изборни единици со отворени листи.

„Денеска имав состноци со НДИ, Швајцарска амасада и со други кои даваат одредени сугестии за модели за Изборниот законик. Сметам дека во овој период треба да го отвориме Изборниот законик, бидејќи сме доволно далеку од редовните избори и можеме да направиме добар изборен законик со следење на препораките на ОБСЕ ОДИХР кои  се конкретни и прецизни, но и да воспоставиме нов модел. Наш став како СДСМ е зголемување на демократските аспекти на изборното право на граѓаните“, потенцира Заев.

Верувам, додаде, дека и другите политички субјекти ќе направат исчекор за да имаме помодерни демократски права на бирачите и апелирам политичките партии, експертите и институциите да работат заедно за да донесеме нов изборен законик колку што е можно побрзо. 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе