Дуел

Заев до Мицкоски: На 27 април вие бевте дел од толпа луѓе која сакаше да ме убие

Вие држите морални предавања, за 27 април, за настан на кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно а што не, па треба да се засрамите од моите лузни. Не јас. Заради тоа што вашата политичка партија организираше толпа во која и вие учествувате, сакаше да ме убие мене и други пратеници кои беа таму, порача Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина" на Канал 5 Телевизија.

Заев истакна дека се направило разграничување меѓу оние кои сториле насилство и оние кои биле изманипулирани за случувањата на 27 април, но секој ќе одговара.

„Денеска сме членка на НАТО, ЕУ час поскоро треба да ја донесе одлуаката за започнување на пристапни преговори, но јас нема да ги подигнувам очекувањата по октомвриската историска грешка на Брисел, само ќе кажам, дека направивиме се и повеќе од тоа“, истакна Заев.

„Ние ја завршивме нашата работа, важно е што граѓаните знаат дека парламентарното мнозинство владата и СДСМ ги исполни сите очекувања, за се што беше јасно и прецизно побарано од нас како земја кандидат. Тоа го потврдија од ЕУ со извештајот, а со усвојување на законот за ЈО дадовме аргумент повеќе. Ние ги исполнивме своите очекувања, а јас верувам дека ЕУ ќе ги исполни своите ветувања кон македонските граѓани“, нагласи Заев.

 

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе