ТВ Дуел

Заев до Мицкоски: Го осудувате насилството за 27 април, а мрчите за пресудите

Вие до денес јавно не го осудивте насилството, му рече премиерот Зоран Заев на опозицискиот лидер Христијан МИцкоски во вториот дел на ТВ дуелот на Канал 5. Мицкоски на ова реплицираше дека до сега неколку пати јавно го осудил настанот, но ако му е задоволство, ете и тука, пред него, јавно ќе го осуди и тука на ТВ дуелот. 

„До денес јавно не го осудите насилството, лузните мои кои ги гледате, крвта која се пролеа на столбовите на македонската демократија. Дали јавно го осудувате тоа што се случи на 27 април"?, го праша Заев директно Мицкоски.

ЛИдерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тоа го направил претходно повеќе пати, а сега повторно тоа ќе го осуди, но и дека го осудува и поводот зошто дојде до тоа насилство, како и висината на пресудите".

„Насилствотот сум го осудил и пак го правам тоа. Го осудвам и поводот за да се изврши тоа насилство како и висината на казните. Имаме повратници учесници во ИСИС кои имаат помали казни од Ангелов или Чавков. Вие знаете дека има закани кон мене од припадници на групата осудена за Диво Насеље. Дали го осудувате тоа", реплицираше Мицкоски.

„Да, ама не како вас. Вие осудувате за насилство, а мрчите за пресудите", одговори Заев.

На ова Мицкоски реплицираше дека некако имал чувство како да биле блиски со Заев, оти му се обраќал со зборот „мрчите“. 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе