Реакција на последната бугарска провокација

Заев до Каракачанов: Ако сте Европејци ќе го почитувате нашето право на самоопределување кое први го признавте

На изјавата на Каракачанов дека „нема македонски идентитет одделен од бугарскиот“, премиерот Заев вели дека токму Бугарија беше земјата која прва го призна правото на самоопределуавње на Македонија и дека ако се Европејци ќе го почитуваат македонскиот идентитет, затоа што е тоа европска вредност. Таквите изјави на пријателот Каракачанов го повредуваат македонското чувство независно дали се наоѓате во Македонија, Бугарија, Грција или во друга земја, рече Заев,.

Во својот одговор на прашањето дали Владата ќе реагира со нота на најновата провокација од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, премиерот Зоран Заев одговори дека и досега, па и сега реакцијата е јавна, преку изјава бидејќи, како што нагласи, од бугарска страна не е дадена нота, или пакј официјална изјави или став во пишана форма.

„Мојот одговор е дека на 31 декември 1943 година македонските граѓани не легнале како Бугари, па на 1 јануари 1944 година се разбудиле како Македонци. Тие се Македонци со векови, се чувствувале и се чувствуваат како Македонци. Ние сме биле и сме и ќе бидеме Македонци. Колку и тоа да е податливо сега во Бугарија, јас нагласувам дека таквите ставови од Бугарија се навредливи. Бугарија е пријателска земја, Каракачанов е мој пријател, но кога така се говори за наши чувства, тоа нѐ повредува. Затоа што, кога некој разговара за твои чувства, тоа е болно, независно дали се наоѓате во Македонија, Бугарија, Грција или во друга земја", рече Заев.

Секаде во светот секој има право да се самоопредели. Нашето право на самоопределување е наше суверено право, додаде Заев и нагласи дека токму Бугарија беше земјата која прва го призна нашето право на самоопределеување.

„Ако се Европејци, ќе го почитуваат нашето право на самоопределување, на нашите корени, тоа се европските вредности. Ние ја знаеме нашата словенска историја, го знаеме растот на нашиот македонски јазик. Знаеме што сме. Знаме кој е нашиот идентитете. А, со тоа нема да му наштетиме на бугарскиот идентитет", рече Заев и додаде дека за деловите од, како што рече, заедничката историја треба да расправаат само историчарите.

Инаку, бугарскиот министер за одбрана Каракачанов во својата последна изјава порача дека „секој што прочитал пет страници историја знае дека нема македонски идентитет, одделен од бугарскиот пред 1944 година".

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе