Со францускиот премиер

Заев до Филип: Преговорите за членство можат да одат паралелно со реформите во ЕУ

Македонскиот премиер Зоран Заев, на маргините на Самитот за Западен Балкан во Познањ имаше средба со францускиот премиер Едуар Филип кому му пренел дека земјава е целосно посветена на остварување на ЕУ агендата и дека во таа насока се остварени сите неопходни очекувања од земјата испорачани на минатогодишниот состанок на Европскиот Совет.

„Врз основа на остварените препораки од јуни минатата година за остварување на зацртаните реформи во правосудството, борбата против организираниот криминал, реформата на безбедносните служби и во јавната администрација, дојде и препораката од Европската комисија за безусловен старт на преговорите на ЕУ со Република Северна Македонија“, кажал Заев на средбата, истакнувајќи дека земјата ги исполни сите реформски и политички очекувања, вклучувајќи ги и уставните промени за името на земјата, и дека за испорачаното земјата очекува и исполнување на ветувањето на Европскиот Совет за почеток на преговорите во октомври.

Како што соопшти владината прес-служба, Заев додал дека таквата одлука ќе биде јасна порака и за другите во регионот дека вреди да се вложува во реформите и во унапредувањето на билатералните односи во регионот, како и во регионалната соработка.

„Ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, нагласи премиерот Заев.

Францускиот премиер на средбата го нагласил заедничкиот интерес што го делат Франција и Северна Македонија да работат на продлабочување на билатералните односи и на економската соработка.

Филип ја изрази поддршката за напорите за продолжување на зацртаните реформи за владеење на правото и упати честитки за Договорот од Преспа и за имплементирањето на придобивките од новата добрососедска реалност што ја оствари земјата со соседите во регионот.

На средбата во Познањ присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе