Заев денеска заминува на преговори во Брисел

Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателката Радмила Шекеринска и професорката Рената Тренеска Дескоска, попладнево ќе летаат за Брисел, каде утре ќе се одржи најавената средба со останаитите партиски лидери со Јоханес Хан.

Еврокомесарот Хан беше посредник и на средбата што се одржа на 2 јуни во Пржино во Скопје, па ова е всушност продолжеток на договорите за одржување на предвремени парламентарни избори во април 2016, како решение за актуалната политичка криза.

Како што кажа Хан, пред да се одржат изборите ќе има транзициски период во кој треба да се отстранат проблемите и да се обезбедат гаранции за фер изборен процес.

Опозициската СДСМ, и лидерот на партијата Заев, во повеќе наврати напоменаа дека единствен начин за да се постигне договор во Брисел е да се договори преодна влада која ќе ги организира изборите, а во која нема да биде Груевски.

Во петокот средбата беше доведена во прашање по изјавата на Хан од Вашингтон во која тој рече дека според извештајот на ОБСЕ, минатогодишните избори биле генерално позитивни. Заев веднаш реагираше, одби да присуствува во Брисел доколку Хан не го корегира ставот, во согласност со извештајот и потенцијална истрага за наодите од снимките од „бомбите“.  Истото попладне Хан и Заев остварија телефонски разговор, за кој СДСМ тврдеше дека еврокомесарот целосно и недвосмислено ја поддржил оценката на ОБСЕ/ОДИХР за изборите, повторувајќи ги бројните забелешки, како и тоа дека мора да се спроведе истрага за содржината на снимките кои ги објавува опозицијата.

На вчерашната „бомба“ пред Влада, пак, Заев потенцираше дека чекаат Хан да излезе со нова, договорена јавна изјава, која ќе го потврди она шт го зборувале по телефон, а било преточено и во соопштението на Европската комисија. Со тоа би го отворило патот за Брисел. Индивидуална изјава од Хан не се случи, но Заев со останатите претставници на СДСМ сепак ќе летаат за Белгија.

„Искажаните заложби на еврокомесарот Хан за отворање на суштинското прашање, организрање Влада што ќе спроведе фер и демократски избори, отвораат пат за отпочнување можни преговори за решавање на политичката криза. Очекуваме принципиелни разговори поставени на рамноправна основа“, соопштуваат социјалдемократите. 

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе