Ова ќе биде четврта конференција за медиумите на која Заев објавува дел од материјалите компромитирачки за Владата што ги добил од непознат извор. Првата бомба Заев ја објави на 9 февруари, а во подоцнежните интервјуа најави дека сè ќе објави во рок од 30 до 45 дена.
Конференцијата за медиумите ќе може во живо да се следи и на интернет-страницата на СДСМ.