„Последна отстапка“

Заев: Датумот е завршена работа, бујрум на избори на 5 јули

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска на прес конференција порача дека поради заштита, изборите се решение, а датумот е завршена работа, тие ќе се случат на 5 јули и нема отстапка од тој датум.

„Проблемите кои ги предизвикува Наќе Чулев ќе ги ставиме зад нас. Нема нови аргументи за нови економски мерки и нема оправдување за нова вонредна состојба. Изборите ќе се одржат на 5 јули, 22 дена по завршувањето на вонредната состојба. Изборите повеќе за мене не се тема“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, не постои никаков уставен и законски момент да се свика Собранието.

„Ризично е веќе и по здравјето и слободата на граѓаните, не може Владата да носи сега закони претпладне, а попладне да ги извршува истите закони“, рече Заев.

Тој уште кажа дека вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски случаи, но се шири, а сите нови случаи се од периодот кога имаше полициски час, што, според него, и тоа не е решение.

„Ќе биде јули, секој има време да се подготви. Вирусот слабее во неговиот ефект, сите се асимптоматски, но се шири. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час, така што и тоа не е решение. Во сите овие денови имаше само пет хоспитализирани во Градската болница и двајца на Инфективната клиника. Ова ќе трае и на 5 август, и 5 октомври, и 5 јануари, не можеме Владата да ја оставиме вака заради нечии скриени калкулации. Здраво е за државата да има парламент и парламентарна демократија“, рече Заев.

На прашањето дали деновиве има формална или неформална комуникација со Мицкоски и дали евентуално би имало нова лидерска средба, Заев потврди дека имало канал на комуникација и дека тој постоел сѐ до прогласувањето на четвртата вонредна состојба.

„За жал не постигнавме договор. Едно е јасно не постои никаков уставен и законски момент за да го свикаме Собранието. Изборите ќе бидат на 5 јули, ова е последната отстапка. Бујрум на 5 јули на избори. Вирусот слабее, но е присутен насекаде, има асимптоматски случаи. Сите денешни бројки се од времето кога имаше полициски час. Рефлексијата на заразата е ослабена може заради времето или други околности. Ова ќе трае и на 5 јули, 5 август и на 5 септември и на 5 октомври. Не може државата да ја оставиме без парламент. 5 јули е денот на изборите. Имаме време и сите знаат дека ова ќе бидат специфични услови за кампања тоа е нашата нова реалност. Здраво за државата е восоставување на парламент“, порача Заев.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе