Во изјава за Танјуг

Заев: Датум за преговори со ЕУ или мојата влада е мртва

Ако земјата не добие датум за преговори со ЕУ, владата би можела да се распушти. Ова го изјави премиерот Зоран Заев за српската агенција Танјуг.

„Ако лидерите на земјите членки на ЕУ во четврток или петок донесат негативна одлука за почетокот на преговорите или ако уште еднаш го одложат донесувањето на таа одлука, нашата влада е мртва, изјави Заев во Виена.

Во изјава за српската новинска агенција Танјуг, Заев вели дека земјата нема алтернатива и дека идните влади ќе останат фокусирани на ЕУ. Тој рече дека ЕУ не може да очекува дијалог од Приштина и Белград сè додека не ги оцени достигнувањата на Скопје со Атина и Софија.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе