Премиерот упати повик до Алијанса и Алтернатива

Заев: Да најдеме друго решение - државjанство со изјави на тројца сведоци е неприфатливо

Премиерот Зоран Заев останува на ставот дека е неприфатливо барањето на партиите на Албанците од опозицијата со тројца сведоци да се даде државјанство на тие што сѐ уште имаат проблем да се регистрираат во државата како жители. Сепак, тој ги повика заедно да отворат дебата и да се најдеиздржано решение.

„Сакам да се најде решение. Еве испраќам порака ова прашање заедно да го решиме. Благодарам на иницијативите од опозицијата за решавање на прашањето, но здраворазусмки е да не прифатиме доказ да се нуди со тројца сведоци. Мора да има докази. Тоа може да бидат свидетелство, документ дека родителот е роден овде, па со тоа и детето кое е овде пораснато, некое остварено социјално право, пред три или пет години... Еден документ да имаме како материјален доказ, за да не им нарушиме идно право на тие кои ќе ги добијат државјанствата, односно некој да им ги доведе под знак прашалник заради сведочењето", рече Заев.

Според него, тој кој одлучува и го става својот потпис на државјанството не може да го темели тоа на изјава на некакви сведоци. За да стави некој потпис, нагласи премиерот, и да одговара за тој свој потпис, мора да му дадеме аргументи.

„Волја постои. Испраќам порака да седнеме заедно. Конечниот предлог нека е на опозицијата, мнозинството ќе го гласа затоа што тие ја отвориле иницијативата", рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе