Премиерот за предлогот на Мицкоски

Заев: Да може опозицијата и Груевски ќе го предложи за јавен обвинител

По предлогот на Христијан Мицкоски дека Владимир Панчевски би можел да ја замени Катица Јанева, премиерот Зоран Заев рече дека да може опозицијата би го предложила и Никола Груевски на местото на специјалната јавна обвинителка. 

„Значи сите ја знаеме историјата на Владимир Панчевски и неговата работа и злоупотребите со АКМИС системот. Јас мислам дека опозицијата да може, ќе го предложи и Никола Груевски за јавен обвинител", кратко рече Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера го предложи поранешниот судија Владимир Панчевски како замена за Катица Јанева која поднесе оставка.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе