Локални избори

Заев: Да гласаме за најдобрите градоначалници и советници кои соработуваат и носат развој

Граѓаните бараат резултати, напредок, подобар живот, развој. СДСМ подготви проекти и кандидати кои можат најдобро да сработат за развој, за соработка, за подобар живот - во секое маало, секое село, секој град, секоја наша општина, во целата наша убава татковина, порача премиерот Зоран Заев. 

Напредокот и развојот на општините е можен и изводлив само преку соработка. Соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е клучна и нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред"-ова го потенцираше првиот човек на СДСМ, претседателот на партијата, Заев во своето видео обраќање до јавноста.

Тој додаде дека развојот на општините сериозно зависел од локалните совети.

„Гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа. Да не ризикуваме бидејќи од другата страна се закануваат блокади. Ако кога од спротива имате закана со блокада, нема подобро решение од тоа да гласаме ЗА соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници. Затоа, ве повикувам, во недела, да гласаме за градоначалници и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои ќе блокираат и кочат. Да гласаме за развојот што го нудат советите на СДСМ, а не за блокадите со кои се заканува ВМРО-ДПМНЕ", додаде претседателот на партијата СДСМ.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе