Презентација

Заев: Членството во НАТО позитивно за безбедноста и просперитет и на земјата и на регионот

Премиерот Зоран Заев се надева дека до крајот на годинава ќе се приклучиме формално и целосно на Алијансата до крајот на годината иако години наназад земјава учествува во реализација на целите и мировните мисии на НАТО.

На денешната презентацијата на „Дигитализација на системот за менаџирање на кризи“ во организација на Центарот за управување со кризи и НАТО тој информираше дека дваесетина земји членки на НАТО веќе го ратификуваа протоколот за пристапување и најави дека во уште неколку држави во тек е процедурата за ратификација.

Премиерот Заев изрази надеж дека целиот процес ќе биде комплетиран до декември 2019 година на Самитот на НАТО, кога ќе се одбележи 70-годишното постоење со 30 земји членки. Тој смета дека ако Република Северна Македонија стане 30 членка на Алијансата, тоа ќе биде добра порака за политиките на отворени врати за другите земји кои имаат ваква аспирација.

„Интеграцијата во НАТО ќе има огромни позитивни ефекти за безбедноста и просперитетот како на нашата земја, така и на поширокиот регион. Почетокот на овој процес веќе дава резултати и на економски план, со над 700 милиони долари странски инвестиции и уверен сум дека вистинските перспективи за Северна Македонија и за регионот допрва доаѓаат“, рече Заев.

Оваа Влада, тврди тој, го прави потребното преку програмата за продолжување на реформите за да се постигне целосна и фактичка интеграција во НАТО. Тоа, како што рече, подразбира и подготвеност на институциите за функционирање на безбедносните и одбранбените системи согласно највисоките стандарди на НАТО. Тоа го овозможува и дигитализацијата на системот за управување со кризи и имплементацијата на следната генерација на систем за управување со инциденти во државата, со што се зајакнуваат капацитетите на Центарот за управување со кризи.

Информирајќи дека финансиските средства за целиот проект се обезбедени од страна на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“, Заев кажа дека имплементацијата нема финансиски импликации врз институциите во нашата држава. Целосната реализација на проектот ќе биде до 1 декември 2020 година, што значи дека нашата држава како 30-та членка на НАТО ќе има современ дигитален систем за управување со кризи.

Тој се осврна на дел од она што Владата досега го има имплементирано, како што се Стратешкиот одбранбен преглед во јули 2018 година, како основа за развој, трансформација, модернизација и функционирање на националниот систем на одбрана. Се работи на долгорочен план за реформи во одбраната 2019-2028 година, потсети Заев, а зголемено е и учеството на нашата Армија во НАТО мисијата во Авганистан. Со владина одлука се зголемуваат средствата за одбрана за 0,2 отсто од БДП секоја година и има силна политичка волја тие да достигнат 2 проценти од БДП пред 2024 година. Заев додаде дека како идна земја членка на НАТО сме подготвени целосно да ги споделиме должностите и одговорностите за зачувување на регионалниот и меѓународниот мир и стабилност.

„Сите со нетрпение чекаме да ве поздравиме како 30-та земја членка на НАТО, а се надеваме дека тоа ќе се случи на самитот на 70-годишнината во декември“, рече меѓу другото во обраќањето помошникот генерален секретар на НАТО за новите безбедносни предизвици, Антонио Мисироли.

Тој истакна дека Северна Макеоднија е посветена на продолжување на реформите во безбедноста и одбраната.

NICS апликацијата претставува дигитализација на Системот за управување со кризи и овозможува командување со ангажираните ресурси (единици, тимови и МТС) во рамките на секоја институција од Системот за управување со кризи, меѓуресорска координација, соработка и комуникација помеѓу институциите ангажирани на справувањето со инцидентите, кризите и кризните состојби, и размена на податоци и информации (текст, слика и видео содржина) во реално време.

За имплементацијата на NICS – Next Generation Incident Command System – NATO SPS Projekt (Следна генерација на Систем за управување со инциденти) во Република Северна Македонија, на заедничка прес-конференција денеска ќе зборуваат директорот на ЦУК Агрон Буџаку, професорот на Универзитетот МИТ во Масачусетс САД Грегори Хоган и ко-директорот на NATO SPS Project Урим Вејсели.

Фото: МИА

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе