Заев: Целта е пред распуштање на Парламентот да се донесат законите

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е уверен дека законите ќе се донесат, дека Собранието навреме ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.

„Парламентот не смее да дозволи со какви било игри, со какви било планови да се наруши процесот на дискусија – деловничкото право на пратениците и на крајот правото да се изгласаат законите. Може ќе има две третини, може и ќе нема две третини, но ред е, и фер е, и чесно е пред државата да дадеме шанса да се изгласаат овие важни закони“, рече Заев.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој изјави дека коалицијата со ДУИ функционира.

„Секако вчера од генералниот секретар на партијата со неговиот настап испративме сериозна порака за одговорност пред државата. Наша единствена цел е пред распуштањето на Парламентот да се даде шанса да се гласаат законите, не само двотретинските закони, Изборниот законик, разрешувањето на министерката за труд и социјална политика и неколку законски решенија, буквално трошењето на неопходното време кое што е изброено до полноќ на 16 февруари кога се последните рокови за распуштање на Парламентот“, вели Заев.

Во однос на преговорите со други партии за нова коалиција, Заев вели дека засега имаат преговори со нивните стандардни коалициски партнери и со некои од партиите коишто не биле досега со нив во коалиција.

„Заради храбри одлуки коишто ги донесовме во минатото и нема да оставиме тоа да не го искористиме, нормално сѐ во функција на сериозна победа, сериозен чист мандат којшто ќе обезбеди стабилна пратеничка група со мнозинство гласови во новата влада во следниот четиригодишен мандат заради тоа што претстои сериозен процес на вистинска трансформација на целокупното наше општество и работа дома на економијата“, додаде Заев.

Говорејќи за законот за ЈО, рече дека „ниту сакале, ниту планираат мнозинство кое, секако е извесно“ и повтори дека кога одлучиле да го пуштат законот преку Влада до Парламентот имале дадено збор од најмалку 80 пратеници.

„Секако дебатата продолжи и после тоа се држеа комисиите, се разгледуваа, се разговара со сите пратеници и верувам дека на крајот ќе се обезбедат  неопходните најмалку 80 пратеници за да може вакви важни законски решенија да бидат усвоени од Парламентот“, изјави Заев во Неготино.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе